Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Германија ќе се опремува со едно од најмодерните и најмоќни оружја: Ноќен кошмар на секој фронт

by
2025-04-04
in Uncategorized
Германија ќе се опремува со едно од најмодерните и најмоќни оружја: Ноќен кошмар на секој фронт

Германија ќе ја опреми својата армија, Бундесвер, со “дронови камикази”, вид на оружје кое игра клучна улога во руската војна во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Митко Милер.

“Потпишани се два договора” за испорака на овие беспилотни летала наполнети со експлозив што се самоуништуваат при погодување на целта, изјави Милер на редовната прес-конференција, не сакајќи да ги именува добавувачите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според извештаите на германските медиуми, станува збор за две компании специјализирани за одбранбена вештачка интелигенција, Хелсинг и Старк, кои ги основале германски претприемачи и кои се меѓу најпознатите во оваа област.

Германската армија, која во моментов преминува на принудна модернизација, сè уште го нема ова оружје, кое воени експерти го опишуваат како “лутачка муниција”.

Нарачките се однесуваат на “количини кои овозможуваат да се тестираат во пракса”, за да се стекне искуство во нивната употреба, пред да бидат конечно интегрирани во арсеналот на Бундесверот, изјави портпаролот на министерството.

“Јасно е дека човекот носи одлука дали ќе користи оружје или не”, изјави тој на прашањето за автономијата што им е оставена на овие високотехнолошки машини.

Министерот за одбрана, Борис Писториус, најави крајот на ноември испорака на 4.000 дронови од компанијата Хелсинг за Украина.

Софистицираните летала можат да дејствуваат во домет од 30 до 40 километри на руската територија со цел “напад на борбени точки и логистички чворови”, изјави тој.

Во длабоко пацифистичка Германија, по ужасот на нацизмот, употребата на вооружени дронови и автоматизирани системи за напад долго време беше контроверзна.

Дури по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година дошло до пресврт.

Бундесвер има неколку типови на беспилотни летала, вклучувајќи го и “Херон” произведен во Израел, кои се користат за извидување и заштита на сили, наведено е на веб-сајтот на германската армија.

Previous Post

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Next Post

Градоначалникот Коњановски на средба со Советот за превенција од детско престапништво

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Градоначалникот Коњановски на средба со Советот за превенција од детско престапништво

Recommended

Откриена најголемата даночна измама во Македонија: Проневерени над 94 милиони евра – пријавени 30 лица и 15 фирми

6 months ago
Македонскиот бренд Cafe De Anatolia потпиша историски договор со „Сони“

Македонскиот бренд Cafe De Anatolia потпиша историски договор со „Сони“

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.