Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи за координатор на друштвото за татковината Македонија, Ламбе Шатровски.
Ламбе Шатровски е роден во село Пасинки областа Голо Брдо. Од 2010 година Ламбе Шатровски е член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана и од 2015 година дописник на Македонски весник “Илинден”, активист на Македонско национално малциство во Република Албанија. Од 2020 – 2024 генерален координатор на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана за татковината Македонија. Во 2020 година е добитник на Благодарницата “Илинден” по повод 10 годишнината на Друштвото.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и посакува успех како координатор на Друштвото за татковината Македонија со мандат од 2025 – 2029 година.
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓаj






