Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид. На овој возвишен ден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ги освети водите на Охридското Езеро и го положи светиот крст во нив.

Во присуство на стотици верници, кои со вера и надеж се собраа да го одбележат симболот на крштевањето на Исус Христос, најсреќен беше Мартин Гоџо, кој го фати осветениот крст. Претседателката го награди со рачно изработена резба, посакувајќи му добро здравје, среќа и духовна исполнетост.

„Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление,“ порача Сиљановска-Давкова во своето обраќање.







