Парична казна и одземање на возилото заработи лицето кои возеше на новата велосипедска патека долж булеварот „8 Септември“ во Скопје. Веста, утрово ја објави Скопје Инфо и ја повика полицијата веднаш да реагира. Градоначалникот Петре Шилегов вечерва на својот Фејсбук профил напиша дека лицето е идентификувано, казнето од страна на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи и одземено му е возилото.
Тик ток “фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3475014349389805






