На денешната седница на РКЕ донесени се нови малопродажни цени на горивата. Така, од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалуваза 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и oостанува 61,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),се зголемуваат за 0,50денар/литар, во однос на сегашните и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50ден/лит.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







