Денеска официјално беше отворена новата амбуланта на Попова Шапка, која ќе обезбедува здравствена асистенција за посетителите и скијачите за време на зимската сезона. Оваа услуга, која беше нефункционална од времето на пандемијата COVID-19, повторно се враќа во функција по иницијатива на Ски центарот Попова Шапка и со поддршка на директорот на ЈЗУ Клиничка Болница-Тетово, г. Агим Бериша.

„Ова претставува значаен чекор за безбедноста и здравјето на сите посетители на нашиот ски центар. Благодарност до г. Бериша за соработката и за поддршката во овој проект“, истакнаа претставниците од Ски центарот Попова Шапка.

Амбулантата ќе биде достапна до крајот на туристичката сезона, обезбедувајќи брз одговор за сите здравствени потреби на терен.







