Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбест-цементната водоводна мрежа во град Струга“.
Договорот е склучен помеќу Министерството за животна средина и просторно планирање и избраниот изведувач „Марковски К73 ДООЕЛ“ од Струга. Замената на азбест-цементната водоводна мрежа во градот, согласно договорот, ќе се одвива во следните 18 месеци, со што жителите на градот Струга ќе добијат поквалитетно водоснабдување, а со замената на азбест-цементните водоводни цевки со нови високо квалитетни цевки во голема мера ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата, заштита на животната средина и ќе се намалат загубите на вода. Висината на инвестицијата е 76 милиони денари.
Со овие дополнителни 50 милиони евра на 100те милиони евра предходно распределени од Владата, се оди чекор понапред во зајакнувањето и подобрувањето на условите за живот на сите граѓани на нашата држава, без исклучок, бидејќи средствата се достапни за сите општини во државата без исклучок.
Степенот на реализација на овие средства е приближно 20 отсто од вкупната сума и согласно одобрената проектната документација и документацијата за набавка за реализација на проектите испратени од општините, а одобрени од Проектната единица за реализација на МЖСПП, се очекува забрзување на динамиката на имплементација во наредниот период.







