Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со младиот и исклучително талентиран танчер Анди Исмаили, кој со својата маестрална игра го освојува светскиот модерен танцов подиум и ја претставува Македонија во најдобро светло.

Со само 16 години, Анди е петкратен светски шампион во танцување, а неговите најнови успеси на Светското првенство во Полска, крунисани со златен и сребрен медал, ја потврдуваат неговата извонредна дарба и креативност.

„Анди е пример и доказ дека нема неостварливи соништа за талентираните каде и да се. Неговите успеси ја позиционираат Македонија на светската мапа на уметноста и инспирираат многу млади, дома и надвор,“ истакна Сиљановска-Давкова.
Претседателката повика на системска поддршка за младите таленти, нагласувајќи дека нивните успеси се најголем промотор на културната дипломатија и гордост за нацијата.






