На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден…
Дамјан Танески роден 2006 година кој настрада во пожарот во Кочани не го дочека својот роденден кој требаше да го слави денес.
Ова момче од Штип беше успешен голман, но неговиот живот згасна на 18-годишна возраст, неколку дена пред роденденот.

На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден.
Небото има се, ние ништо. Небото слави, ние жалиме – со овие зборови завршува тажната објава за ова младо момче.







