18-годишно момче од Велес доби кривична пријава откако, според полицијата, на 3 јануари оставил торба со марихуана во автобус кој сообраќал на линијата меѓу Скопје и Велес.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против П.К.(18) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.01.2025 на седиште во автобус кој сообраќал на релација Скопје – Велес, пријавениот оставил торба со марихуана која била пронајдена и одземена од полициски службеници при СВР Велес“, пишува во полициското соопштение.






