Поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, утре (недела, 21 јули) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и селото Слатино.
Како што соопшти EVN, прекин во напојувањето со струја ќе има на улицата Киро Ристоски Дрнц во Тетово, во периодот од 09:00 до 14:30 часот.
Исто така, без електрична енергија ќе биде и дел од село Слатино, конкретно објектите што се наоѓаат во центарот на селото. Овој прекин ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.
Од EVN апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да преземат соодветни мерки за да избегнат евентуални непријатности.






