Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова изрази загриженост и сочувство за жртвите на пожарите во Лос Анџелес.
,Со длабока загриженост ги следам вестите за разорните шумски пожари кои беснеат во Лос Анџелес.
Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија, со семејствата кои ги загубија најблиските и со храбрите пожарникари кои неуморно се борат со немилосрдните пламени.
Моето најдлабоко сочувство го упатувам до оние кои претрпеа ненадоместливи загуби.
Искрено се надевам дека пожарите наскоро ќе бидат ставени под контрола и дека ќе се спречат дополнителни штети”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со пожарите во кои досега загинаа 16 луѓе а причинета е штета што се мери во десетици милијарди долари.







