На 07.01.2025 околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







