На 07.01.2025 во 13.20 часот на улица ,,Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Тетово. Тој бил пријавен од неговиот брат дека претходниот ден околу 21.10 часот во нивниот семеен дом физички го нападнал него и нивната мајка. Ѓ.С. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







