Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, открива како се чувствува Винисиус Жуниор по исклучувањето поради удирање од зад грб в глава на македонскиот голман Столе Димитриевски во заостанатиот натпревар од 12. коло во шпанската фудбалска Ла Лига во Валенсија.
„Тоа не беше за црвен картон, требаше да добие жолт. Се надеваме дека Винисиус нема да биде суспендиран. Тешко е. Не сум на негово место, но тешко е да се поднесе сè што се случи и тие навреди… Не е лесно, но тој се обидува да оди напред и да го надмине сето тоа. Тој е тажен поради црвениот картон, се извини, но мораме да гледаме напред“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата за утрешниот дуел со Депортиво Минеиро од Купот на кралот.
Според правилата на Ла Лига, бразилскиот напаѓач, кого ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер во светот во 2024 година, би можел да биде супендиран на најмалку четири меча.






