Москва: Соборени 70 украински дронови, три лица повредени
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се уништени или пресретнати 70 украински дронови над Белгородската, Курската, Ростовската и Волгоградската област, како и над Крим и Црното Море.
Во нападите биле повредени најмалку три лица. Во Белгород, дрон удрил во станбена зграда при што е повреден маж, а во Ростовската област се пријавени пожари и материјална штета на повеќе објекти.
Покрај тоа, во напад со дрон бил зафатен гасопреработувачкиот комбинат „Астрахан“ на југот на Русија, сопственост на „Гаспром“. Пожарот предизвикал прекин на производството и објектот ќе остане затворен со недели или месеци, пренесува Reuters.






