Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во неодамнешниот „Наткаст“ на Курир истакна дека започнуваат со имплементација на она кое е во делот на регулатива и е поврзано со правилниците во рамки на МВР, а се однесува на проектот „Безбеден град“.
-Од 1.1.2025 година секој кој ќе има потреба да го регистрира своето возило, ќе мора да достави во рамки на системот телефонски број, е-мејл адреса и да даде изјава под морална материјална и кривична одговорност дека телефонскиот број и е-мејл адресата се врзани со лицето кое е сопственик на возилото. Едноставно да потврди дека тие се точни. Врз основа на собирањето на овие податоци, со циклус од година, ќе ги затвориме сите сопственици на возила. Конечно отпочнуваме и со легислатива во однос на овој проект. Мислам дека измените на законот ќе треба да отпочнат пред нова година или до 15-ти јануари, откри Тошковски.






