Под раководство на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, компанијата оствари значаен финансиски пресврт, преминувајќи од негативен резултат од -2 милиони евра во вториот квартал на позитивен резултат од 3 милиони евра во третиот квартал од годината.
Латифи истакнува дека овој успех е резултат на стратешки мерки, вклучувајќи зголемување на преносот на електрична енергија, зголемени приходи од меѓугранични капацитети и намалување на непродуктивните трошоци. „Нашиот фокус е развојот на преносната мрежа и подобрување на услугите за граѓаните,“ изјави Латифи.
Големи проекти за 2025 година
МЕПСО најавува серија
инвестиции, вклучувајќи:
• Модернизација на управните згради и трансформаторските станици.
• Изградба на трансформаторска станица 400/110 kV во Охрид.
• Реконструкција на далекуводите и зајакнување на енергетските коридори во клучните региони.
• Реализација на нов диспечерски центар и зајакнување на сајбер безбедноста со поддршка од ЕБОР и УСАИД.
Зелена транзиција и регионална интеграција
Латифи го нагласи ангажманот на МЕПСО за одржлива енергетска иднина преку дигитализација, развој на интерконекции и интеграција на регионалниот енергетски пазар, вклучувајќи ги врските со Албанија, Косово и Грција.
Директорот Бурим Латифи гарантира дека АД МЕПСО, со поддршка од Владата на РСМ и меѓународните партнери, ќе продолжи да игра клучна улога во обезбедувањето и модернизацијата на енергетскиот систем на земјата.







