На 1 октомври 2025 година во 10:50 часот во СВР Тетово е пријавен пожар во плевна сопственост на 55-годишниот А.А. во село Џепчиште.
Во несреќата нема повредени лица, а пожарот е целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Тетово за да се утврдат причините за пожарот.






