Многу Македонци заминуваат да работат во странство, прекршувајќи некое од правилата и законите за работа во некоја од европските земји. Исто така голем број од нив „заработиле“ некоја буква од латиничната азбука во нивниот пасош, а притоа не знаат што точно означува таа буква.
Еве ги точните значења на деветте букви кои никој не сака да му ги запишат во пасошот.
А – лицето не поседува валиден документ
B – лицето има невалидна или фалсификувана патна исправа / пасош
C – лицето нема важечка виза или дозвола за престој
D – лицето има лажна, преправена или фалсификувана виза
Е – лицето не поседува документи со кои ќе ја докажи посетата
F – лице го надминало престојот од 3 месеци во последните 6 месеци
G – лицето нема доволно средства за егзистенција
H – на лицето му е забранет влез во Шенген зоната
I – лицето претставува закана за јавниот ред, здравјето и безбедноста на една или повеќе членки на Европската Унија.







