На 27 јуни, Т. С. роден во Клиничкиот центар во Скопје пред 18 години стана полнолетен граѓанин, ама не може да добие лична карта бидејќи нема матичен број и извод на родените. Овој одличен ученик, иако е роден во Скопје и има двајца родители, државата 18 години не го впишува во Матичната книга на родени, уште не може да сонува првпат да добие ни извод на родени, а не пак лична карта.
Државата, всушност, не му го признава биолошкиот татко.
Т. С. се надевал дека на 15 јули првпат ќе гласа на избори и ќе се запише на толку посакуваниот Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, но попусто. Мачно е неговото талкање низ правните лавиринти кои се многу заплеткани и во кои законите важат многу строго за обичните граѓани. Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК кажува колку е разочаран и беспомошен, апелира до институциите да го забележат дека е човек, граѓанин на Македонија, тука роден.
„Тежок е мојот живот. Со години се бориме со мајка ми да добијам матичен број, извод на родени, како сите граѓани на нашата држава. Поради хуманите луѓе, кои им укажаа на училиштата дека по домашните закони и по меѓународните конвенции секое дете има право на образование, ме примија без документи и завршив со одличен успех основно и средно образование. Но дотука е моето. Ништо не можам натаму без лични документи. Јас немам идентитет“, вели ова момче.
Повеќе за овој случај прочитајте на СДК.МК






