Вечерва на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата 8- септември се случи тешка сообраќајна несреќа, во која неофицијално има повредени.
До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил се удри во возило на Итната медицинска помош , кое се движело по Партизанска , најверојатно кон Козле.
Во возилото удрил автомобил со голема брзина, што се движел по Партизанска во правец кон Центар. Веднаш пристигнаа уште две амбулантни возила за да ги пренесат повредените, објави Канал 5.






