Утре во текот на денот ќе има повеќе облачност и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон среда ќе има повремен локален дожд а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег. Од среда ќе биде и постудено со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Прогноза за 18.11.2020 – Минимална температура: 2°C до 8°C, Максимална температура: 9°C до 12°C
Претпладне облачно со врнежи од дожд, позастапени во јужните делови. Попладне облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за 19.11.2020 – Минимална температура: 1°C до 7°C, Максимална температура: 9°C до 15°C Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.
Прогноза за 20.11.2020 – Минимална температура: -4°C до 5°C, Максимална температура: 8°C до 14°C.Сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






