МВР соопштува дека денес службеници од СВР Тетово извршиле претреси на неколку локации со судска наредба. Претресите се одвивале во домовите и просториите во сопственост на Б.А. (40) и М.Д. (43), како и во три импровизирани тезги на С.М. (35) и Ј.Н. (56).
СВР Тетово открило вкупно 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун. „Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од МВР.






