Подготовките за реконструкција на фудбалскиот терен на Агенцијата за млади и спорт (АМС) кај Спортскиот центар во Тетово започнаа денеска, што претставува значаен проект во рамките на капиталните инвестиции за подобрување на спортската инфраструктура во градот.

Советникот во Општина Тетово, Ангел Карапетров, изрази благодарност до Министерот за спорт, Борко Ристовски, за неговата безрезервна поддршка за спортот во Тетово.
„Секој нов проект е уште еден чекор кон поздраво и посилно општество,“ порача Карапетров, истакнувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за зајакнување на спортската култура и за подобрување на условите за младите спортисти во регионот.

Проектот е дел од стратегијата на Министерството за спорт за унапредување на спортската инфраструктура на национално ниво, што го потврдува посветениот пристап кон развојот на спортот во Македонија.







