„Јавно ја честитав Албанската национална химна, јавно ја честитав и Охридскиот договор и имам добар рејтинг“.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски во емисијата Click Plus одговарајќи на прашање за последните случувања и тензиите меѓу Македонците и Албанците.
Мицкоски се осврна и на распределбата на буџетот. Тој ја спомена сумата издвоена за Универзитетот „Мајка Тереза“ и откри дека за таа сума бил критикуван од своите колеги на Универзитетот во Скопје, каде што и самиот е професор.
„Сакам обединување, а не поделба. Држава за сите. 25 милиони евра за „Мајка Тереза“. Знаете ли колку ме напаѓаа моите колеги? Потоа 250 милиони евра за општините… ние не делиме“, изјави Мицкоски.







