Премиерот Христијан Мицкоски од студиото на ТВ21 во емисијата Click Plus зборуваше и за Коридорот 8 и 10Д.
Мицкоски изјави дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата, бидејќи доколку проектот со „Бехтел и Енка“ беше откажан, државата ќе требаше да плати милионски пенали.
„Кога требаше да се процени проектот со „Бехтел и Енка“, целосно и понатаму го сметам за криминален. Но, ако сега го откажам, вие, ние и идните генерации ќе не чини милиони. Заради ова добив незадоволство, политички куршуми, но решив да го решиме што е можно побрзо. Мислите дека ми беше пријатно? Го имам истиот став“, изјави Мицкоски.







