Педесет и четиригодишен маж вчера со своето возило се забил во бетонски столб во Битола, по што неговиот 80 – годишен сопатник се здобил со тешки телесни повреди и починал кратко по несреќата, информираат од МВР.
Смртта на сопатникот ја констатирал лекар на Итната помош на местото од несреќата.
Возачот на автомобилот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од МВР додадоа дека за настанот бил известен јавен обвинител, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.







