На 16.12.2024 во 02.35 часот на улица „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) од с.Порој, тетовско, поради основано сомнение дека во 02.10 часот на улица „Похор Пчински“ се обидел да изврши „тешка кражба“ во возило, сопственост на Ц.С.(36) од Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






