По скандалите со Лотарија, црната листа на САД и најавите за истраги и апсења, Вечер.мк дознава дека во бегство е Прпарим Бајрами екс директорот на Лотарија. Според информациите пронајдени се над 40.000 франци во домот на Бајрами.
Според информациите на Вечер.мк полицијата е во потрага по Бајрами, а во сомнежите за криминал се споменува и екс премиерот Димитар Ковачевски.
Вчера беше објавено дека во бегство е и екс вицепремиерот Артан Груби, кој потоа демантираше, но нема информации дека се вратил во земјава
Преку објава на Фејсбук, поранешниот функционер на ДУИ бара од јавноста да не се изнесуваат шпекулации.
„Патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.
Вчера имаше објави дека Груби ја напуштил државата и заминал на Косово.






