Со искрена порака до своите поддржувачи, Лазаров објави дека неговиот проект ќе продолжи, иако во изменета форма. Во пораката тој се осврна на предизвиците со кои се соочувал низ годините, нагласувајќи ја својата решителност и посветеност.
„Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Чист сум пред себе и пред Бог, и знам дека не правам лошо дело. Напротив, ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно,“ порача Лазаров, истакнувајќи дека неговата мисија останува непроменета.
Тој најави дека проектот ќе добие нова форма и ќе продолжи онлајн, каде сите подароци ќе бидат достапни. Воедно, Лазаров ги замоли своите следбеници да не веруваат на сè што ќе прочитаат, нагласувајќи дека промените се направени со добри намери и со цел проектот да продолжи.
„Ќе бидете известени за сите промени. Проектот ќе продолжи поради вас и поради мојата верба дека не правам ништо погрешно,“ заврши тој.
Лазаров ја изрази својата благодарност за поддршката и вербата на оние кои стојат зад него, истакнувајќи дека нивната доверба му дава сила да продолжи напред.







