Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, реагираше на повиците на ДУИ за ветинг на политичарите, истакнувајќи дека овој процес веќе започнал и се спроведува на непристрасен начин.
„Ветингот на политичарите, судиите и носителите на други јавни функции започна. Црната листа на Стејт департментот, нашиот најважен стратешки партнер, составена на непристрасен начин и без влијание од локалните актери и фактори, беше првиот сериозен чекор во оваа насока,“ изјави Меџити.
Тој додаде дека времето на демагогија и политички фарси заврши, најавувајќи дека „се приближува часот на одговорност“.
Реакцијата на Меџити следува по сопштението на ДУИ, која повика на длабински ветинг на изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и на расчистување на процесот на приватизација.






