Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во мај, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес за тоа дали треба САД да испратат оружје за ројалистите во Граѓанската војна во Грција.
Говорот на Џорџ Садовски во Конгресот на САД: Македонците сакаат слобода и да бидат обединети!
„Господине спикер, пред неколку моменти поставив прашање. Дали Македонците се Грци? Сме слушале многу за оваа грчка неволја, и секогаш се нарекува неволја во грчка Македонија, но зошто никој не слегува овде и не ни ја кажува вистината за оваа ситуација? Македонците не се Грци. Македонците се словенска раса на луѓе. Тие се јужни Словени.
Целиот текст на МКД.мк







