Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска го отвори кабинетот за најмладите, претворајќи го дворот во сцена исполнета со детска енергија и љубопитност. Свечената церемонија на менување на државното знаме, организирана за ученици, беше симбол на патриотизмот и градењето на свеста за значењето на татковината уште од најмали години.

„Денеска Кабинетот го огреа детска светлина, а дворот грмеше од детски џагор. Македонското државно знаме се вееше на сите страни, вриеше како во кошница,“ изјави Сиљановска Давкова.
Претседателката се соочи со безброј прашања од децата – од тоа како изгледа еден претседателски ден, до прашањето дали ќе ги посети нивните училишта. Настанот ја потврди нејзината определба за приближување на институцијата до граѓаните, особено до младите генерации.
„Си заминаа, ама ми останаа во мислите!“ заклучи претседателката, која го нагласи значењето на ваквите иницијативи за градење на врската меѓу институциите и идните генерации.






