Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СЕ ЗАБРЗУВА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТИШТАТА ШТО ГИ ГРАДИ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Исплатата на експропријацијата ќе оди преку Министерството за транспорт

by
2024-12-12
in Uncategorized

Собранието на денешната седница ги изгласа законски измени со кои се утврдува плаќањето на експропријацијата на земјиштето за изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д.

Собранието денеска изгласа законски измени со кои се утврдува плаќањето на експропријацијата на земјиштето за изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Со ова, како што е најавено, ќе се забрза изградбата на делниците.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова прашање, според образложението на законските измени предложени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, не било регулирано во Законот за стратешко партнерство за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола).

Во текот на изградбата односно спроведувањето на Проектот се наметна потребата од уредување и на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата што претставува претходен неопходен елемент со цел непречено и забрзано спроведување на Проектот кој е од јавен интерес односно изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д“, се наведува во образложението за потребата од измени на законот.

Со измените се предвидува исплатата на парите од буџетот на  стратешкиот партнер поврзани со реализација на проектот и за извршување на работите поврзани со експропријацијата неопходна за спроведување на изградбата на коридорите 8 и 10д да се извршува преку Министерството за транспорт и врски.

„Исплатата на финансиските ресурси за спроведување на Проектот ќе се врши на Стратешкиот партнер во согласност со применливите закони, односно за работите поврзани со експропријацијата во врска со спроведувањето на Проектот ќе се врши на Инвеститорот во форма на трансфер преку Министерството за транспорт“.

Тоа значи дека пресметаниот износ на надоместокот за одземеното земјиште од страна на државата за реализацијата на патните коридори, на сопствениците ќе им се исплаќа преку Министерството за транспорт и врски.

Директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Коце Трајановски, при неодамнешниот увидот во работата на „Бехтел и Енка“ на делницата Гостивар – Букојчани, рече деца експропријацијата на земјиштето од целиот проект Коридор 8 и Коридор 10д ќе заврши до Нова година.

– Оваа обврска е преземена од претходната влада, но многу работи се дури закочени. Експропријација не може да се заврши за шест месеци, во август месец не беше ниту започната. Откако сум дојден за неполн месец ние завршивме 2.400 катастарски парцели како експроприрани. Тоа е главниот проблем за изведување на градежните работи. Кога има застој плаќаме пенали во милиони евра. Ние сме тука да ја забрзаме оваа постапка за Македонија да не плаќа пенали – рече Трајановски.

Трајановски рече дека интензивно се работи на експропријации за кои  претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните 1,3 милијарди евра за изградбата на автопатиштата.

Previous Post

Полициски службеник и фамилијата се соочуваат со кривични пријави поради арсеналот оржује пронајден во нивниот дом

Next Post

Давкова: Одлуката на Уставниот суд да ја одложи расправата за Законот за јазиците е очекувана

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Давкова: Одлуката на Уставниот суд да ја одложи расправата за Законот за јазиците е очекувана

Recommended

По 22 години бегство уапсен – командант „Бреза“ конечно зад решетки

6 months ago
ГРМИ народ во Скопје, се бара слобода и оставка од Филипче (Галерија)

“Кога викаа “Убијци” луѓето во толпата го мислеа тоа за режимот, НЕ ЗА ДОКТОРИТЕ”

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.