На 10.12.2024 во СВР Тетово било пријавено дека околу 17.10 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(64) од с.Порој, удрило во пешак Ф.С.(70) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ф.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







