Доказите за влијанијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети се достапни и се очекува македонските институции да преземат мерки, изјави на 10 декември американската амбасадорка Аџела Агелер на прес конференција во американската амбасада во Скопје.
Таа посочи дека ставањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД е за да се повикаат на одговорност оние поединци чии криминални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на управување.
„Не мора да ние да им даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции“, изјави Агелер.







