Како резултат на голема полициска акција, приведени се повеќе лица осомничени за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра.
Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и член на Управниот одбор на компанијата. Според неофицијални информации, Ковачевски се наоѓа во бегство, пишува 24инфо.
Меѓу приведените е и Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино. Осомничени се и Васко Стефанов, актуелен генерален директор на ЕСМ, како и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола. Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службена положба. Во акцијата се вклучени и четири правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и Скопје.
МВР засега не открива повеќе детали за истрагата. Случајот го следат повеќе институции, а јавноста очекува дополнителни информации за процесот и можните одговорности.







![Џорџина повторно во центарот на вниманието: Објави фотографии од плажа и собра два милиони лајкови [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-25-193841.png)