Првиот вицепремиер Изет Меџити, како реакција на сценариото на ДУИ пред Уставниот суд на Фејсбук коментира дека не се ризикува албанскиот јазик, пред седницата на судот во среда како што тврди партијата на Ахмети.
„Изгоре лончето, претече млекото!
Албанскиот јазик не се ризикува, незаконското богатство на корумпираната клика на ДУИ стекнато на грб на Албанците ДА!
Албанскиот јазик нема да се оспорува, милионите на олигарсите на ДУИ ДА!
Албанскиот јазик е заштитен, парите од коцкање на корумпираната клика на ДУИ НЕ!
За сите оние кои деновиве врескаа како избезумени за да ги исплашат Албанците и се закануваат со дестабилизација, имам еден одговор: ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО!
Бидете спокојни!“, напиша Меџити.






