Неверојатна информација доаѓа од Минхен, Германија каде тамошниот суд дозволил три деца со македонско државјанство кои живееле во Скопје да бидат предадени на таткото Австриец осуден за семејно насилство со сериозни психички проблеми кој ги однесол на непозната локација.
Децата се на возраст од 3,6 и 9 години а две од нив не знаат германски јазик и не можат да комуницираат со таткото.
Нивната мајка Марина Л.С. минала 21 ден во притвор во Германија по пријава од сопругот со сериозни психички проблеми со кого се разведени подолго време по што таа со децата се вратила во Македонија каде децата одат на училиште.
Иако судот во Минхен каде претходно живеело семејството пред разводот знаел дека таткото имал психички проблеми сепак по негова пријава мајката била однесена во притвор каде била цели 21 ден што е преседан кој не се случил никогаш предходно.
Мајката заминала во Минхен на лекар за потребите на едно од децата при што таткото успеал да го убеди судот дека таа незаконски го држи децата.
Мајката која е Македонка со австриско државјанство не сака да го коментира случајот во надеж дека германскиот суд ќе ги земе предвид сите докази кои укажуваат на сериозно психичко насилство.
Блиски членови на семејството велат дека судското рочиште ќе се случи до крајот на месецов но предупредуваат дека до тогаш мајката која има старателство врз децата не може да ги види затоа што се однесени на непозната локација.
Според роднините траумата која ја доживуваат децата со таткото кој практично не ги ни познава може да биде трагична.
Таткото Кристијан Ш. кој е по потекло од Виена, Австрија е вработен во Телеком Лихтенштајн.
Засега мајката не знае каде се децата и не и се овозможува пристап до децата кои се однесени на непозната локација.
Трите дечиња сега се со човек кој е осуден семеен насилник и има судско досие на човек со сериозни психички проблеми.







