Маглата и смогот се се почеста глетка која ги пречекува секое утро и со која заспиваат секоја вечер жителите на главниот град. Надлежните најавуваат мерки, инспекции и повисоки казни. Ќе имаат ли некаков ефект?
Зимата се уште не е календарски ниту започната, а главниот град се гуши во смог. Со денови воздухот е енормно загаден, а видливоста во вечерните часови е толку отежната, што на фотографиите кои што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи, не може да се забележи „ниту прст пред око“. Од ден на ден ситуацијата станува поалармантна – со намалувањето на температурите доаѓаат и проблемите за жителите на главниот град. Но, не се гуши во смог само Скопје. Проблем има и во останатите градови, каде дрвата најчесто се користат за затоплување на домовите.
„Едната е инспекцискиот надзор за кој верувам ќе се согласите дека е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата, втората е на самиот крај, а тоа е решавање на јавниот транспорт со кој ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилот. И третата е организираното затоплување на домовите во која имавме сериозна интервенција оваа сезона“, вели градоначалникот Петре Шилегов.







