Откако го заборавил ранецот на железничка станица во Германија, 22-годишен Германец виканл полиција на помош, но заборавил да спомене дека во ранецот има дрога.
Полицијата стапила во контакт со железничката компанија Deutsche Bahn која го нашла ранецот на станицата во Брауншвајг и му соопштила на сопственикот дека може да го земе.
Во меѓувреме полицијата запленила марихуана и лименка амфетамин кои ги нашле во ранецот. Младиот човек дошол да си го земе ранецот и бил обвинет и за поседување недозволена дрога.






