Уставниот суд објасни како ги изгласале додатоци на плата за судиите во висина од 35 отсто од платата, преку интервенции во Деловникот на судот.
Потребата од остварување целосна независност, понисокото ниво на домашните уставни судии во однос на положбата на уставните судови во други земји, како и понискиот статус од судиите во редовното судство, се дел од причините со кои Уставниот суд ги правда интервенциите во Деловникот…
Со последното дополнување на Деловникот, не се одзема правото на законодавецот да утврдува и уредува права, обврски и одговорности на судиите на Уставниот суд и тоа во рамките на Уставот и уставната положба на судот. Но, исто така, ова дополнување не повредува ниту еден закон кој е во сила и не може да се рече дека истото било незаконско како што се тврди, без да се наведе која законска одредба е повредена“, стои во соопштението од Уставниот суд.
Последното дополнување на Деловникот, велат од Уставниот суд, е еден од чекорите во насока на остварување на целосна самостојност и независност на судот согласно уставната дефиниција како орган на републиката што е надвор од организацијата на државната власт.
Повеќе на https://plusinfo.mk/ustavnite-sudii-gi-pumpale-platite-oti-taka-im-rekle-amasadorite-na-eu/






