Во Битола има многу убави љубовни приказни, но несомненео една од најубавите е таа за љубовта на МустафаКемал Ататурк и преубавата битолчанка Елени Каринте.
Кемал Атататурк додека се школувал во средното военото училиште во Битола се заљубил во преубавата битолчанка Елени Каринте. Ако одите во Битола, немојте ни случајно дане застанете и да го погледнете балконот каде што се родилаљубовта, помеѓу тогаш, младиот Ќемал Ататурк и преубавата Елени Каринте. За жал, оваа љубов не завршиласо среќен крај, за тоа говори и писмото што Елени Каринтему го пратила на Кемал Ататурк, а се наоѓа во спомен собатана Музејот во Битола.

„До Кемал Ататурк, Некаде и некогаш ! Поминаа толкугодини, а јас ете уште секој ден чекам абер од тебе. Аконекогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве нахартијава… Годините си врват. Овдека се зборува затебе. Нешто се случува. Ако ги читаш овие редови додекаљубиш некоја друга жена, искини го писмово и прашај јанеа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола гопоарчила цел живот за еден човек со кого била само еденден. Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, некажувај ѝ ништо, нека биде среќна ако си и ти. Ако, пак, уште ја паметиш девојката од балканот и не љубиш друга, знај дека те чекам. Ќе те чекам секој ден, цел живот… Знамдека ќе се вратиш, дека не си заборавил.  Татко ми умре. Има веќе цела година. Тој ден кога ме грабна од тебе, мезаклучи дома. Не ме пушти цел месец. Не плачев. Знаевдека џабе ќе се сите катанци и затвори. Човекот со кој тојсакаше да се земам го видов само еднаш. Ме праша далинекогаш ќе можам да го љубам… му реков: не! Си го љубампрвото либе. Повеќе не го видов. Татко ми никогаш не мипрости. Ни јас нему. Неколку дена пред да умре ме викна кајсебе и ми рече: Знам дека згрешив, но знам и дека никогашне бев добар татко. Не барам да ми простиш, не барај ни ти! Бог нека ни прости на двајцата. Сакав најдобро, а направивнајлошо. Татко ми не беше лош човек! Не сум веќе млада и убава како тогаш. Цел живот во еден ден… Вечно те сака и секогаш ќе те чека вечно твоја, Елени Каринте“






