Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски по нешто послабиот почеток во дресот на Жирона изгледа почнува да прикажува настапи какви што од него се очекува.
Месец ноември беше најдобриот за Миовски откако е во Жирона, а доказ за тоа е изборот во идеалниот тим на месецот.
Помеѓу најдобрите 11 Миовски доби место најмногу поради неговиот настап против Еспањол во кој постигна два гола и запиша една асистенција во победата од 4-1. Покрај Миовски, Жирона има уште тројца претставници во идеалниот тим и тоа: Хил, Мартинез и Гутиерез.
Од останатите тимови Барселона има двајца претстваници (Олмо и Рафиња), исто толку доаѓаат и од Осасуна (Будимир и Херера), додека со по еден фудбалер се: Мајорка (Коста), Реал Сосиедад (Агуеро) и Атлетико Мадрид (Ленгле).







