Откако излезе во јавноста скандалот за тајните хонорарци на владата кои во 2019 и 2020 години земале нешто над 1 милион евра се отвори прашањето, зошто се тајни, додека државните приходи дури и на граѓаните кои скенираат фискални се јавни.
Од владата најпрво не сакаа да ги објават 58-те хонорарци, повикувајќи се неиздржливи изговори, како што е Греко, но токму според Греко овие лица мора да се знаат. На крајот се одлучи да ги објави, но со неколку денови задоцнувње зошто не знаеме. Исто како што не знаеме зошто објавија 55 од 58.
Еден од лицата кои владата го има ангажирано како хонорарец е информатичарот Дејан Смилевски. Ангажиран е за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурирање на информатички системи за потребите на Генералниот секретаријат на Владата. Неговиот месечен хонорарен приход изнесува 30.000 денари или онолку колку што многу граѓани сонуваат да земаат плата, а не дополнителен приход.

Во меѓувреме на Фејсбук страницата каде беше објавено дека Дејан Смилевски добил награда, објавата во моментов не може да се погледне и истата најверојатно е избришана.
Вечер мк







