Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека заедно со Народната банка на Србија ќе работат на создавање на гарантни шеми со деловните банки, но дека парите за учество за земање на станбен кредит во таа држава се уште се огромни.
„Луѓето не можат веднаш да соберат 20.000 евра. Ќе целиме на максимално учество од три до пет проценти, а ратите да не надминуваат 200 евра. И сега ја градиме таа шема, да видиме како да се субвенционира купувањето на стан. Но, нема да дозволиме трикови тоа да се пренесува на роднините. Сакаме да ги спасиме младите во Србија, ќе создадеме програма што ја нема никаде во Европа, како да се реши станбеното прашање“, рече претседателот.






