Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк конечно замина во Паркот на танцувачките мечки во Белица, Бугарија. Утринава го однесоа преставниците на организацијата „Четири шепи“, фондацијата на Брижит Бардо.
Во неговото спасување од штипскиот ЗОО парк помогнаа македонските активисти за заштита на животните. Теди во Белица требаше да замине уште во Март, но целата активност беше запрена поради пандемијата и затворените граници. Според активистите, Теди во новото живеалиште ќе се ресоцијализира и ќе има многу подобри услови за живот.
Паркот во Белица е отворен во 2000-та година како програма за ресоцијализација на мечките кои биле дел од циркус или биле принудени да танцуваат по селата, од таму го добил и името. Мечето Теди три пол години живееше во кафез од 15-ина квадрати, а Здруженијата за заштита на животните со години реагираа на лошите услови.
За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица
После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива ![]()
![]()
Нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон.Абе како насмеан и среќен е на фоткиве, се расплакав:






