Земјотресите кои започнаа од рано утрото не престануваат сеуште. Последниот околу 15 часот и 25 минути беше со јачина од 4.9 степени според Рихтер, со епицентар во мавртовскиот регион на 20 км од Гостивар и со длабочина од 70км.
Овој земјотрес беше почувствуван во повеќе делови од земјата, меѓу кои и Скопје.
Засега штети не се пријавени, освен голема вознемиреност кај граѓаните. Посилните земјотреси посебно ги почувстуваа луѓето кои живеат на повисоките катници, водителот Ване Марковски кој инаку живее во висококатниците на Џеваир на својот фејсбук профил пред малку напиша дека таму се случувала вистинска драма, посебно на 32 кат каде живее и тој.
Еве како помина тогашното тестирање:
Скај Сити“ висококатниците во скопската општина Аеродром покажаа голема отпорност на земјотрес. Испитување на 40-иот кат од блокот Д од комплексот на Џеваир, присутните гости и новинари имаа можност да се „стресат“, да почувствуваат симулација – вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени, со кој се докажуваше отпорноста на овие највисоки згради во Македонија.







![[ВИДЕО] Пожар во Кочани, горат две куќи](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-22-135719.png)