Шефицата на бугарската дипломатија кажа и дека Скопје не треба да се потпира на тоа дека некој ќе ја притисне Софија да замижи на неспроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.
– Бугарија е исклучително категорична. Ние сакаме да видиме во преговарачката рамка дека Договорот ќе се спроведе, дека РС Макеоднија нема никакви претензии за малцинства. Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омpаза. Не можеме да бидеме сојузници во НАТО, а бугарските вojници да се нарекуваат фaшиcтички okупатори. Треба да се вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на Договорот, рече Захариева.
Според неа, неосновани се обвинувaњата на македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров дека Бугарија го kрши членот 2 од Договорот со блokирањето на Севрена Македонија за ЕУ.
– Ги повикувам подобро да го прочитаат членот 2 од Договорот и тој се почитува од страна на Бугарија. Во него се вели дека Бугарија ќе ја поддржи РС Македонија на евроатлантскиот пат, споделувајќи го своето искуство, но тоа не значи дека не можеме да имаме услови. Изјавата дека само Бугарија има барања кон Македонија за исполнување на критериумите не е точна, вели Захариева. Сепак, и покрај недоразбирањата, таа го оцени како успешно заедничкото претседателство на Бугарија и РС Македонија со Берлинскиот процес.






